Дизелот од ноќеска на полноќ поскапе за половина денар, а цените на бензините останаа непроменети. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 остана 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС од 98 октани 84 денари за литар. Не се промени и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм. Вчера цените на нафтата на светските берзи се зголемија како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите. Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка брентт, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапе за половина денар, а цените на бензините останаа непроменети.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 остана 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС од 98 октани 84 денари за литар. Не се промени и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.
Вчера цените на нафтата на светските берзи се зголемија како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите. Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка брентт, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.